НАЈНОВА ВЕСТ: Земјотрес стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

денес во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

-За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112, велат од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.