„Затоа сите си одат“: Споредба на минималните плати во Германија и Македонија ги разбранува граѓаните

Фејсбук статус на Ана Глигорова кој ја обиколи Македонија:

Во Германија минимална нето плата 1700 евра месечно. На пример, двајца возрасни кои работат за минималец, тоа се 3400 евра на месец.

За кирија 1200 евра, на пример во Дизелдорф, плус струја, интернет, до 1400 евра. Храна и хигиена околу 800 евра месечно за четиричлено семејство, стигнуваме до сума околу 2200 евра.

Остануваат 1200 евра за останати трошоци за деца, лични потреби, што обезбедува некаков живот и релативно спокојство.

Во Македонија минимална плата е 26 046 денари или 430 евра. Двајца вработени на минимална плата вкупна сума 52 092 денари. Кирија, најповолно што можат да најдат некаде на периферија на Скопје е 16 500 денари. Вкупно за сметки околу 11500 денари (парно, струја, интернет, два телефона, вода, ѓубретарина). Најевтина храна месечно за ова семејство е 21 000 денари. Остануваат, ама се соменевам дека остануваат околу 3000 денари за останати потреби (превоз на пример) и секако дека ќе биде во минус и е многу сиромашно семејството.

Затоа сите си одат. Во Германија со две минимални плати се живее, овде не се преживува. Не блефирајте, човек овде нема да остане, освен лоповите. Толку.