Утрово голема акција на МВР и АНБ: Претреси на повеќе локации

Изутринава на повеќе локации во Скопје се вршат претреси поради основано сомнение дека група од околу пет лица се занимавала со лихварство и индоктринација и поттикнување тероризам, дознава „Слободен печат“ од свои извори во безбедосно-разузнавачката заедница вклучени во акцијата.

Акцијата ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност.

Според нашите извори досега при претресите се пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Извор: Слободен Печат