Со голема тага СУГС Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје се прости од својата колешка, професорката по спорт Руска Андреска.
Од училиштето со емотивна порака се збогуваа со професорката, која, како што наведуваат, ќе остане запаметена како голем борец, личност исполнета со позитивна енергија и човек кој неизмерно го сакал спортот и своите ученици.
Руска Андреска заедно со учениците постигнала бројни спортски успеси, а освоените медали и пехари остануваат како трајно сведоштво за нејзината посветеност и придонес кон училиштето.
„Ќе ни недостига нејзината сила, насмевка и позитивен дух“, порачаа од гимназијата.
Последната почит кон Руска Андреска може да ѝ биде оддадена во среда, 30 септември, од 12:00 часот во капелата во Бутел.

