Со голема тага и неверување, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка ја прими веста за прераното заминување на Данче Јакимовски, актуелен претседател на Месниот комитет Градец.
Од партијата велат дека Јакимовски не бил само сопартиец, туку и пријател, соборец и човек на кој можело да се смета во секој момент.
„Со својата посветеност и искреност беше дел од нашето заедничко делување и од партиското семејство кое со години го градевме заедно“, наведуваат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка.
Во пораката за простување се додава дека иако едно место останува празно, ќе останат спомените, заедничките моменти и трагата што Јакимовски ја оставил кај луѓето со кои соработувал.
Од комитетот упатија најдлабоко сочувство до неговото семејство, најблиските, пријателите и жителите на Градец.
„Се простуваме од нашиот Данче со огромна благодарност за сè што даде и направи. Почивај во мир, Данче. Ќе останеш дел од нашето семејство и од нашите спомени“, стои во објавата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка.

