Двајца струмичани се повредени во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Подмоље – Струга. Во незгодата тешко е повредена и жена од Кичево.
Според информациите од полицијата, сообраќајката била пријавена синоќа во 20:20 часот.
Се судриле „Пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(59) од Струмица, и „Форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од К.Ш.З.(41) од Кичево.
К.Ш.З. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот на „пежото“ и неговиот сопатник Р.М.(57), исто така од Струмица, се здобиле со телесни повреди. Повредите биле констатирани во болницата во Струга. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.

