Естрадата во тага: Почина легендарниот пејач

Конрад „Кронос“ Лант, пејач и басист на британската група Venom и еден од пионерите на екстремниот метал, почина во 63-тата година од животот, соопштено е денеска од бендот.

Лант го предводеше Venom од формирањето на групата на крајот од 1970-тите, а бендот со својот агресивен звук, мрачна естетика и теми кои отстапуваа од тогашните стандарди на хард рок и хеви метал сцената имаше значајно влијание врз развојот на екстремниот метал, пренесува Асошиејтед прес.

Албумот „Black Metal“ од 1982 година му го даде името на музичкиот правец кој подоцна ќе прерасне во глобална сцена, додека Venom се наведува и како едно од влијанијата врз подоцнежниот развој на дет и блек металот.

Лант во текот на кариерата работеше и на соло проекти под името Кронос, а остана поврзан со различните постави на групата Venom, која продолжи да снима и да настапува во текот на наредните децении.

„Сакам да им се заблагодарам на сите фанови за поддршката што му ја пружавте на мојот татко во текот на годините. Знам дека тоа многу му значеше. Тој ја остави својата душа, а неговата музика ќе живее и понатаму. Легендата за Кронос никогаш нема да умре“, се наведува во пораката на неговиот син, објавена по неговата смрт.

Причината за смртта не е објавена.