Пријателите и роднините се простуваат: Ова е возачот на камион кој загина во тешка несреќа

Тажна вест ги потресе неговите блиски, пријатели и сите кои го познаваа македонскиот возач Момо Јовановски, кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа додека управувал камион.

Јовановски бил возач со долгогодишно и огромно професионално искуство. Неговите пријатели со неверување ја примија веста за неговата смрт, истакнувајќи дека тешко можат да поверуваат дека човек со толкаво возачко искуство повеќе не е меѓу нив.

„Само Бог знае што се случило. Мојот другар Момо Јовановски беше возач со огромно возачко искуство. Ова многу боли и тешко е да се прифати дека повеќе не е со нас“, е една од потресните пораки по трагичниот настан.

Зад Момо остануваат спомените, пријателствата и годините поминати зад воланот, но и огромната празнина кај неговите најблиски.

Искрено сочувство до семејството, роднините и сите блиски на Момо Јовановски.