УХМР утрово со најнова прогноза – еве какво време не очекува денеска и во следните денови

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.