Нови апсења во Македонија за сомнежи за финансиски злоупотреби

Нова акција се спроведува за сомнежи за финансиски злоупотреби во АД „Државна лотарија“, а според неофицијални информации на „Скопје1“, опфатени се две жени кои работеле во секторот за финансии.

Станува збор за сомнежи за злоупотреба на околу 80 милиони денари, а дејствијата што се истражуваат, според информациите на „Скопје1“, започнуваат од 1 јануари 2024 година.

Сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Според неофицијалните информации, се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските.

Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани.

Целиот текст прочитајте го ТУКА