Објава на Кире Михаилов:
Вечерва во селото Отља, во општина Липково како по обичај брканица и инцидент, но, за среќа овојпат без сериозни последици и без повредени.
МВР во акција од дрвокрадци одзема поголема количина нежигосана и без соодветен документ посечена дрвна маса.
Дрвната маса од страна на Шумската полиција и нашите служби е одземена и е складирана во складот на ПШС Куманово, а со ваквите акции ќе продолжиме се додека постојат вакви криминални банди.
Нулта толеранција за криминалот со дрвата.
Сите кои крадат ќе дојдат на ред.
Нема мали и големи

