Еве колку е минималниот износ за исплата на К-15

Работниците во приватниот сектор и во 2026 година имаат право на регрес за годишен одмор, познат како К-15, кој работодавачите треба да го исплатат најдоцна до 31 декември.

Минималниот износ на регресот за оваа година е околу 19.116 денари.

Право на К-15 имаат вработените кои во текот на календарската година работеле најмалку шест месеци непрекинато кај истиот работодавач.

Крајниот рок за исплата е 31 декември во тековната година.