Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Две лица се повредени, од кои едно потешко, при судир на мотоцикл и „сеат“ на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

– На 06.10.2026 околу 18:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во населба Перо Чичо, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки,

управувано од С.С.(29) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од И.К.(49) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди 29-годишната С.С., констатирани во Општа болница Куманово.