Трагедија во Италија: 19-годишник од Македонија го загуби животот во тешка несреќа

Тешка трагедија се случила во Италија, каде што 19-годишно момче од Тетово трагично го загубило животот на своето работно место, пренесува Тема МК.

Според информациите, младиот човек паднал од покрив од височина од околу седум метри. За жал, здобиените повреди биле фатални и тој починал.

Искрено сочувство до семејството, роднините и пријателите.

Нека му е простено и нека почива во мир.

Извор: ТЕМА МК