Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира на внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација. Особено внимание се препорачува на патиштата низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони.
Зголемено внимание е потребно на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.
Во рамки на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид–Ресен, преку Националниот парк Галичица, од 15 април е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тони.

