Македонија за време на викендот, на 10 и 11 октомври, ќе биде под влијание на циклонска активност од Џенова, која ќе донесе нестабилно време, врнежи од дожд и можност за локални невремиња.
Според најавите, во поголем дел од земјата ќе преовладува променлива облачност, проследена со повремени врнежи. На одредени места дождот ќе биде пообилен, особено во западните делови, каде локално се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар.
Покрај дождот, на некои локации ќе има услови за формирање нестабилни облачни системи со поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, кој повремено може да предизвика и невреме.
Какво време го очекува Скопје?
И во Скопје со околината викендот ќе помине со променливо облачно време и повремени врнежи од дожд, кои во одредени периоди може да бидат поинтензивни. Не се исклучува ниту ретка појава на грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури низ земјата ќе се движат од 8 до 17 степени, додека дневните во сабота ќе достигнуваат од 22 до 29 степени. Во недела се очекува пад на максималните температури, кои ќе се движат меѓу 18 и 23 степени.
Во главниот град утринската температура ќе се спушти до околу 10 степени, а во сабота дневната ќе достигне до 29 степени. Во недела, пак, максималната температура во Скопје и околината ќе биде околу 22 степени.
Промената на временските услови ќе биде најизразена во недела, кога се очекува посвежо време и пониски дневни температури.

