Сообраќајна несреќа се случила на автопатот по велешката патарина, каде што автомобил е превртен на коловозот, а делови од возилото се расфрлани по патот, објави Скопје1.
На местото на несреќата има полициски екипи, кои вршат увид и ги утврдуваат околностите под кои се случил инцидентот.
Засега нема информации дали во несреќата има повредени лица. Не се познати ниту причините што довеле до превртувањето на автомобилот.
Извор и видео: Скопје 1

