Аталанта забележа убедлива победа од 3-1 против Венеција на домашен терен, во рамките на 6. коло од новата сезона во Серија А. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше меѓу стартерите на тимот од Бергамо и се запиша меѓу асистентите, но натпреварот го заврши предвреме поради црвен картон.
Домашниот состав одлично го отвори натпреварот и поведе уште во 4. минута со погодокот на Кесие. Само две минути подоцна, Елмас се најде во улога на асистент, откако му овозможи на Крстовиќ да ја затресе мрежата за водство од 2-0. Истиот фудбалер во 30. минута повторно беше прецизен, зголемувајќи ја предноста на Аталанта на убедливи 3-0.
Гостите успеаја да намалат на 3-1 во 37. минута, кога Хаинаут постигна гол и ги постави конечните бројки од првото полувреме.
Сепак, во завршницата на средбата, Елмас направи непромислен старт над противнички фудбалер. Главниот судија Тремолада првично му покажа жолт картон на македонскиот интернационалец, но по прегледувањето на снимката со помош на ВАР, одлуката беше променета и Елмас доби директен црвен картон.

