Артан Груби денеска излегува од домашен притвор

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби од денеска повторно е слободен граѓанин, бидејќи истече законскиот рок на мерката куќен притвор.

Тој речиси осум месеци беше во домашен притвор, а од денеска движењето во државата повеќе не му е ограничено.

Денеска се очекува да биде познато и дали на Груби ќе му биде вратен пасошот, за кој понуди гаранција од 335.707 евра.

Груби е обвинет во случајот „Државна лотарија“, заедно со поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, како и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.