Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија, кои ќе стапат на сила од полноќ.
Одлуката ќе покаже дали возачите од утре ќе точат гориво по повисоки или пониски цени. До објавувањето на новата одлука, на сила се актуелните цени на горивата.
Актуелни цени на горивата во Македонија:
- ЕУРОСУПЕР БС – 95: 98,50 денари за литар
- ЕУРОСУПЕР БС – 98: 100,50 денари за литар
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 97,00 денари за литар
- Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1): 108,50 денари за литар
- Мазут М-1 НС: 49,597 денари за килограм
Новите цени ќе бидат познати по објавувањето на одлуката на РКЕ, а ќе се применуваат од полноќ.

