Тлото не мирува: Силен земјотрес со јачина од 6 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Панама во понеделникот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот бил на длабочина од 35 километри.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или причинета материјална штета од најновиот потрес.

Во Панама се регистрирани повеќе од 300 последователни потреси по силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени што ја погоди земјата во петокот. Тогаш беа оштетени стотици куќи и инфраструктурни објекти во централните провинции, по што Владата во текот на викендот прогласи вонредна состојба на национално ниво.

Според податоците на надлежните служби за вонредни состојби, во силниот земјотрес биле повредени најмалку 27 лица, а оштетени биле речиси 900 куќи.