МВР поднесе кривична пријава против директорот на УХМР, Игор Лазаровски, како и за 9 вработени во управата и фирми за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување исправа“, објави Телма телевизија.
Според МВР, директорот Лазаровски потпишал тендер со фирма кој бил спротивен на одредбите на Етичкиот кодекс на Светска метереолошка организација, на кои се обврзал со договор од 2023 година.
И покрај тоа што фирмата не ги исполнувала условите, немала понудено цени, а критериум за избор бил „најниска цена“ бил склучен договорот и со тоа и била овозможена имотна корист од околу 475 илјади евра.
Директорот Лазаровски донел и втора одлука за избор на битолска фирма за набавка за печатење промотивен работен материјал и ситен инвентар, со што и донел имотна корист од околу 12.700 евра.
Останатите вработени, членови на комисија за спроведување на набавки и контролор од Секторот за финансии, според пријавата, иако знаеле дека тендерите не се согласно условите овозможиле да се реализираат.


