Трупа снег во Србија (ВИДЕО)

Вистинска зимска идила беше забележана денес на српската планина Голија, каде што – судејќи според видеата од теренот – паѓа обилен снег. Овие надреални сцени беа споделени на Инстаграм-страницата „srbiju_upoznaj“ со краток опис: „Голија во моментов“.

Оваа планина, позната по своите долги и студени зими, уште во септември го забележа првиот снег за оваа сезона.

Студениот бран што ја зафати Србија донесе пониски температури, создавајќи услови за снег во повисоките планински предели.