Трагичен крај на потрагата – пронајден починат мажот по кој се трагаше

На 17.10.2026 во 12:30 часот, во Полициското одделение Теарце, Џ.А.(41) од с. Пршовце пријавил дека покрај реката Бистрица, во атарот на истото село, пронашол тело без знаци на живот.

По пријавата, полициски службеници од ПО Теарце веднаш излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека се работи за Е.Е. (87) од с.Пршовце.

Од страна на лекар во 12:45 часот е констатирана смрт без видливи траги на насилство. Инаку, лицето претходно било пријавено за исчезнато истиот ден во 02:00 часот од страна на неговиот син Џ.А., според кого Е.Е. во раните утрински часови на 16.10.2026 се оддалечил во непознат правец од нивниот семеен дом во с. Пршовце.

На местото на настанот, во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Тетово, лекар по судска медицина и увидна екипа од СВР Тетово, извршен е увид за целосно расчистување и документирање на случајот.