Маж е повреден во рака откако било пукано кон него со огнено оружје во близина на маркет во скопски Сарај, додека бил во патничко возило „туран“.
„На 18.10.2026 во 09:50 часот во СВР Скопје М.И. пријави дека околу 09:30 часот во близина на маркет во село Сарај, додека бил со патничко возило ‘туран’, кон него било пукано од огнено оружје од страна на едно лице“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот, каде биле пронајдени четири чаури од пиштолска муниција.
Од оштетениот прозорец на возилото, М.И. се здобил со повреда на раката, а била известена и екипа на Итната медицинска помош.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

