Шок од Англија – Сити во Чемпионшип најмалку две години?!

Foto: mancity.com
Foto: mancity.com

На Манчестер Сити му се заканува огромно одземање бодови, поради што клубот би можел да помине ДВЕ ГОДИНИ во Чемпионшип, се наведува во шокантните информации од инсајдерски извори од Англија.

Сити ја очекува конечната одлука во спорот со Премиер лигата, откако беше обвинет за прекршување на финансиските правила по повеќе од 100 точки од обвинението.

Клубот од самиот почеток ги негираше обвинувањата за неправилности и поднесе жалба на наодите на независната комисија. Сепак, „Дејли мејл“ сега пренесува дека се очекува на Сити да му биде изречена драстична казна со одземање бодови, што неизбежно би довело до испаѓање од лигата.

Во извештајот се наведува дека челниците на Премиер лигата инсистираат казната за Сити да биде објавена пред да биде познат исходот од жалбената постапка.

Исто така, се тврди дека најверојатната казна е екстремно одземање бодови, со што на Сити речиси би му било невозможно да избегне испаѓање во понизок ранг.

Но, во извештајот се наведува и дека клубот би можел да добие дополнителна казна со одземање бодови, што би го задржало во второто по ранг натпреварување уште една година.

Во превод, се очекува одземање доволно бодови за Сити математички да нема можност веднаш да се врати во Премиер лигата од Чемпионшип, односно да мора да помине најмалку две сезони во вториот ранг на англискиот фудбал.

Се додава дека директното исфрлање од највисокото ниво е „малку веројатно“, бидејќи таквиот потег би предизвикал невиден хаос во Англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

По потврдувањето на големата казна за Сити, на клубот би требало да му се овозможи реорганизација, што би претставувало пресвртница во англискиот фудбал.

Останува да се види како ќе се развива ситуацијата, но според денешните информации, испаднувањето на Манчестер Сити од Премиер лигата звучи сè поверојатно.