Тешка сообраќајка во Македонија – се стравува за жртви

Тешка сообраќајна незгода се случи синоќа во Скопје, пред мостот „Беласица“.

– Најверојатно има жртви, затоа што на местото покрај полиција имаше и две амбулантни возила, објави порталот Независен.

Едниот возач со „пасат“ се симнал од мостот „Беласица“, и продолжувал право кон Железничката станица, најверојатно бил удрен од „хјундаи“ кој доаѓал од спротивната страна.

Тој заврши во бетонската ограда покрај столбовите на железничката.

Поради сообраќајката на мостот „Беласица“ се створи метеж, а сообраќајот се одвива отежнато.