ОГРОМНА ТАГА: Естрадата се простува од познатиот пејач

Почина пејачот Здравко Грчиќ, првиот тенор на клапата „Загорa“, човек чиј глас со години беше препознатлив дел од нејзиниот звук и идентитет.

Од него со емотивна порака се простија членовите на клапата, со кои ја делеше сцената, пријателството и бројните незаборавни моменти.

„Драг наш Здравко, тешко е да се прифати дека те нема. Ти благодариме за секоја насмевка, разговор и поддршка. Ни беше чест што го делевме животот со тебе. Замина прерано, но спомените за тебе засекогаш ќе останат со нас. Твојата клапа „Загорa“ – напишаа тие во прошталната објава на социјалните мрежи.

Нивните зборови сведочат за длабоката поврзаност што со години се градеше преку песната, настапите и заедничкиот живот. Заминувањето на Здравко Грчиќ остави празнина меѓу членовите на клапата, но и кај сите што го познаваа и го ценeа.

Бројни пријатели, познаници и љубители на клапската песна се придружија кон изразувањето сочувство, споделувајќи спомени за човекот кој многумина ќе го паметат по ведриот дух, добрината и љубовта кон музиката.

Иако неговиот глас засекогаш замолкна, спомените за годините поминати во песна и дружење ќе продолжат да живеат меѓу членовите на клапата „Загорa“ и сите оние кои имаа привилегија да го познаваат.