Тешка сообраќајна несреќа – младо момче итно пренесено во болница

Четиринаесетгодишен малолетник од Битола се здобил со тешки телесни повреди откако паднал со мопед на патот кон битолското село Карамани.

Според информациите од полицијата, на 22 октомври 2026 година, во 19:15 часот, во СВР Битола било пријавено дека малолетникот управувал мопед со битолски регистарски ознаки, кога во еден момент изгубил контрола над возилото и паднал.

Во падот тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во болницата во Битола.

На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Битола. Околностите под кои се случил настанот ќе се утврдуваат во понатамошната постапка.