Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ предупредува на опасност од одрони, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури. Зголемена внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и внимателно да управуваат со возилата.
Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони, согласно сезонскиот режим што важи од 15 април.

