Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на крстосницата меѓу улиците „Македонско-косовска бригада“ и „Втора македонска бригада“ во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила околу 19:10 часот, а во неа учествувале „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот С.С., и „ауди“ со косовски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот А.М. од Косово.
Во судирот биле повредени возачот на „голфот“ и неговиот сопатник С.М. Тие со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им биле констатирани телесни повреди.
Повреден бил и возачот на „аудито“, кој бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“, каде исто така му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

