Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.
Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег.
Во среда и четврток ќе биде релативно стабилно, а во петок и за време на викендот ќе има услови за појава на врнежи. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен севеозападен ветер.

