Оливер Спасовски ја објави тажната вест:
Со длабока тага ја примив веста за смртта на Радомир Јовановски, истакнат општествен работник, поранешен директор на ЈП „Чистота и зеленило“ и долгогодишен член на СДСМ.
Изразувам искрено сочувство до неговото семејство, блиските и сите што го познаваа и почитуваа.
Нека почива во мир. Вечна му слава!


