Убава вест за пензионерите – проверете ги сметките, оваа банка денеска ги исплати пензијиите

Пензионерите кои се клиенти на АЛТА банка АД Битола можат да располагаат со своите октомвриски пензии уште од денеска, 29 октомври 2026 година.

Од банката информираат дека средствата од октомвриската пензија се веќе достапни на платежните сметки на пензионерите.

Парите можат да се подигнат преку банкоматите на банката, а пензионерите можат да ги подигнат и во експозитурите.

Со ова, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со своите пензии еден ден пред датумот наведен во најавите за исплата на 30 октомври.

Пензионерите кои се клиенти на оваа банка можат да ги проверат своите сметки и да ги користат средствата според сопствените потреби.