Пензионерите кои се клиенти на Комерцијална банка од утре, 30 октомври, ќе можат да располагаат со своите октомвриски пензии, кои ќе бидат достапни на нивните трансакциски сметки.
Оние кои користат дебитни картички ќе можат да ги користат средствата веднаш штом пензијата биде достапна на сметката.
Со картичката ќе можат да плаќаат во продавници и онлајн, како и да подигнуваат готовина од банкомат.
За пензионерите кои претпочитаат да ги подигнат парите директно од банка, исплатата во филијалите и експозитурите на Комерцијална банка ќе биде достапна од 30 октомври, како и секој нареден работен ден.
Пензионерите ќе можат да изберат дали пензијата ќе ја користат преку платежна картичка или ќе ги подигнат средствата лично на шалтер.

