Македонската православна црква заедно со верниците денес го одбележуваат празниците посветени на Светиот пророк Осија, старозаветен пророк кој живеел и пророкувал повеќе од осум века пред раѓањето на Исус Христос. Неговото име и делување останале длабоко врежани во светото писмо, преку неговата книга која содржи 14 поглавја.
Светиот пророк Осија бил син на Веиријиној од племето Исахарово. Тој храбро го укорувал Израил и Јуда поради нивното скршнување од вистинскиот пат и свртувањето кон идолопоклонството.
Тој отворено ја најавувал божјата казна за гревовите, пророкувајќи ја прогонетата судбина и пропаста на Самарија и Израил поради богоодстапништвото, но во исто време сведочел и за големата божја милост и доаѓањето на Спасителот.
Доживеал длабока старост и мирно се упокоил.
Во народната традиција, овој ден носи силна симболика и се врзува со моќни верувања за мир, здравје и заштита на семејството:
Молитви за семејството
Верниците на овој ден се молат за здравје и слога во своите домови, давајќи прилози на црквата или милостиња на сиромашните.
Во селските и сточарските краишта постои стар обичај според кој овните кои биле издвоени на овој ден, на денот на Свети Лука кој се празнува на 31. Октомври, се враќаат меѓу овците.
Тие следниот ден се пуштаат меѓу овците за домаќините да предвидат каква зима ги чека и дали годината ќе биде родна.
Според ова верување, ако овците на денот на Свети Лука ги прифатат овните без поголемо противење се верува дека пролетта ќе дојде порано и дека не очекува родна година, додека нивното опирање и избегнување на овните се толкува како наговестување на долга и студена зима.
Старите верувања наложуваат на овој ден да се прегледаат и подмачкаат запрежните коли и да се тргнат летните алатки, бидејќи во народот се верувало дека „Осија ги симнува тврдите тркала, а Лука носе снег“.
Овој празник нè потсетува на важноста од духовната чистота, трпението и добрината, додека во домови се избегнуваат секакви кавги и тешки зборови во пресрет на големите есенски празнувања.

