Почина Бранко Радовановиќ, долгогодишниот новинар на Телевизија Скопје и подоцна на Македонската телевизија, кој остави препознатлив белег во македонското новинарство.
Нека почива во мир и таму горе нека држи часови и нека ги забавува сите наши познати, онака во негов стил“, напиша на социјалните мрежи некогашната колешка на Радовановиќ, Катерина Цаневска-Арсовска.
Во 2009 година Радовановиќ беше избран за член на Советот за радиодифузија, каде што учествуваше во процесите поврзани со медиумските стандарди, регулацијата и одговорноста на медиумите.
Тој беше дел од сите поважни јавни дебати за иднината на македонското новинарство, за улогата на медиумите во општеството и за потребата од професионално и одговорно информирање.

