НБРМ презеде контрола врз Алта банка во Битола: Граѓаните во шок – еве колку можат да подигнуваат пари неделно!

Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а за физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарските картички.

Одлуката стапи во сила денеска, 1 ноември 2026 година, соопшти гувернерот Трајко Славески.

Мерката следува по јавно објавените информации за одземањето на дозволата за работа на Алта банка АД Белград и донесувањето одлука за исполнување на условите за поведување стечајна постапка во српската банка, која е акционер со квалификувано учество во Алта банка АД Битола.

„Во насока на заштита на билансот на Алта банка АД Битола и на интересите на нејзините штедачи, Извршниот одбор на Народната банка, на седницата одржана на 1 ноември 2026 година, донесе решение со коешто се воведува администрација во Алта банка АД Битола. Решението е веќе во сила“, соопшти Славески.

Тој нагласи дека мерката е привремена и дека не е воведена поради нарушена финансиска состојба на банката во Битола, туку поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер во Белград.