Обилни врнежи од снег во делови од регионот (ФОТО)

Обилни врнежи од снег од синоќа ја зафатија Романија, каде во повеќе делови од земјата зимата пристигна со полна сила.

Фотографии од снежната атмосфера објави метеорологот Славчо Попоски на својот Фејсбук-профил, покажувајќи ги зимските услови кои ја зафатија оваа европска држава.

Врнежите започнале во текот на вчерашната вечер, а снегот продолжил да паѓа и во текот на ноќта, создавајќи снежна покривка.

Зимските услови повторно потсетуваат дека студениот период веќе започнува да зема замав во делови од Европа.