Тешка сообраќајка – има повредени

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила еден час по полноќ на автопатот „Пријателство“ кај скопското село Трубарево.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена денеска (31.10.2026) во 01:10 часот во СВР Скопје.

Во несреќата учествувало патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (33) од село Батинци, кое поради губење контрола излетало од коловозот и влетало во дворно место на семејна куќа.

Тешки телесни повреди добиле возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г. (39) од Скопје. Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.