Дарко Костовски со жестока реакција до Зијадин Села: Да, следен уште потежок нокаут од кој што свират ушите 6 месеци

Фејсбук реакција на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски:

Зијадин Села напишал Бутел бил следен.

Да, следен уште потежок нокаут од кој што свират ушите 6 месеци !

Бутел не е плен, нити има место за бандити што хараат и секој зелен агол го гледаат како нова зграда, таа епизода помина.

Уцени закани, кај народот од Бутел не поминуваат, докажано.

Во Бутел нема да се врати дијаспората која ја избркавте од дома, вие вечните политичари и “лидери”, за да ве гласа.

Зошто паметат дека кога ги напуштија домовите немаа вода за пиење, асфалтирана улица, градинки, училишта, паркови.

Кои сега ги градиме.

Експресниот развој на општина Бутел секако нема да биде спречен од луѓе со манири од 19 век.

Најважно, математика многу слабо. Многу !