Голема полициска акција во Македонија – се вршат претреси на повеќе локации

Полициски службеници вршат претреси на повеќе локации во Штип и Скопје во рамки на истрага за сомнителни манипулации со оценки, испитни бодови и студентски досиеја на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, дознава неофицијално Скопје1 од извори во истрагата.

Според информациите до кои дојде Скопје1, во акцијата учествуваат полициски службеници од СВР Штип, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје и службите за компјутерски криминал.

Во фокусот на истрагата, според нашите извори, е лице вработено на Универзитетот „Гоце Делчев“ како раководител на ИТ-секторот, за кое постојат сомнежи дека подолг временски период незаконски интервенирало во електронската евиденција на студентите.

Целиот текст прочитајте го на Скопје 1