ТРАГЕДИЈА: Маж пронајден мртов – телото дадено на обдукција

На 06.11.2026 во 19:50 часот, од страна на Итна медицинска помош Гостивар во СВР Тетово е пријавено дека на ул. „Беличица“ во Гостивар интервенирале по пријава за укажување лекарска помош, каде лекар од итна медицинска помоп констатирал смрт кај лице без видливи траги на насилство.

Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за М.Ф.(58) од Гостивар.

Увид на лице место извршиле екипа од ОВР Гостивар во содејство со дежурен јавен обвинител од ОЈО Гостивар.

По насоки на јавен обвинител телото е дадено за обдукција.