Шеесет и петгодишната С.М. починала по несреќа на гробиштата во селото Зебинце, кај Владичин Хан во Србија. Таа дошла по повод Задушница, а несреќата се случила додека палела свеќа.
Според дежурната јавна обвинителка Љиљана Петровиќ, жената се лизнала и се обидела да се задржи за надгробниот споменик. Во тој момент тој се одломил и ѝ паднал врз нозете.
На местото пристигнала итна помош. Според информациите што ги добило обвинителството, жената се жалела на болки во ’рбетот.
Од здравствениот дом била пренесена во приемно-тријажното одделение во Врање, а потоа била упатена кон Ниш. За време на транспортот до Ниш, за жал, починала.

