Доаѓа студен бран во Македонија

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 9 степени, додека максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Во наредните денови времето ќе биде релативно топло, со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини и понатаму ќе има услови за појава на утринска магла.

Во петок се очекува засилување на јужниот ветер, кој повремено ќе достигнува и силен интензитет.

Промена на временските услови се очекува во недела, кога поради продор на постудена воздушна маса од север ќе настапи заладување и стабилизирање на времето. Ветерот ќе биде слаб до умерен.