IN MEMORIAM
Јасмина Атанасоска – одделенски наставник
Со неизмерна тага се простуваме од нашата драга колешка Јасмина Атанасоска, која прерано нè напушти, оставајќи зад себе болка и празнина во нашето училишно семејство.
Како наставник, таа беше дел од светот на децата, од нивните први училишни чекори, од нивните знаења, радости и спомени.
Зад себе остави трага во училишните клупи, во срцата на учениците и во сеќавањата на сите нас кои имавме чест да бидеме нејзини колеги.
Нејзиното заминување е голема загуба за сите нас кои имавме можност да ја познаваме, да работиме и да споделуваме заеднички мигови со неа.
Ќе ја паметиме со почит и благодарност за времето поминато заедно и за трагата што ја остави меѓу нас.
На семејството му изразуваме најискрено сочувство и му посакуваме сила во овие тешки моменти.
Почивај во мир, драга Јасмина.
Засекогаш ќе останеш во нашите спомени. ![]()
Колективот на ООУ „Гоце Делчев“ – Гостивар

