Најмалку 10 лица загинале во верижните сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, дознава бугарскиот весник „24 часа“.
Лекарските екипи во болниците во Јамбол и Бургас се борат за животите на уште неколкумина тешко повредени.
Во моментов, три амбулантни возила од болницата „Срце и мозок“ во Бургас се упатуваат кон местото на несреќата.
Во едно од нив се наоѓа и поранешниот директор на болницата „Пирогов“, проф. Асен Балтов, заедно со тим ортопеди.

