Кратка, но жестока расправија се случи на денешната надзорна расправа за случајот со АЛТА банка, меѓу премиерот Христијан Мицкоски и пратеникот на СДСМ, Миле Талески.
До вербална препирка дојде откако Талески не сакаше да го исклучи микрофонот и да му даде збор на премиерот, што предизвика тензии во текот на расправата.
Поради настанатата ситуација, седницата беше прекината и е дадена пауза.
Расправањето за случајот со АЛТА банка продолжува во атмосфера на политички несогласувања меѓу власта и опозицијата.

