Тажната вест на социјалните мрежи ја објави Emil Spasovski
Со голема тага и неверување ја примив веста за прераната смрт на мојот голем поддржувач и драг пријател Драги Бојковски.
Драги беше човек со свои принципи, ставови и убедувања, искрен пријател, пензиониран полициски службеник-командир на ПС во Крива Паланка, човек што си ја сакаше државата и голем поддржувач на политиките на ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе остане запаметен по својата човечност, пријателство и искрена посветеност на вредностите во кои веруваше.
Неговото заминување е загуба за семејството, пријателите и сите што го познаваа и почитуваа.
Почивај во мир, драг пријателе. Твоето дело и споменот за тебе ќе останат.
Искрено сочувство до семејството. Бог да те прости!

