Ужас го потресе Охрид, откако триесет и едно годишен охриѓанец ја претепал девојката.
Како што неофицијално дознава Курир, охриѓанецот ја нападнал девојката во автомобил и ја тепал додека паднала во бессознание. По онесвестувањето, тој продолжил да се вози низ Охрид со неа додека девојката повторно не се освестила.
Нашите извори велат дека откако девојката се освестила, тој го запрел автомобилот во близина на маркет и ја исфрлил од возилото.
Случајот го потврдуваат и од охридската полиција.
-Денеска (15.11.2026) во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода го лишија Х.К.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

